среда, 23 октомври 2024

Финскиот премиер: Нема да прифатиме американско нуклеарно оружје на својата територија

Финските власти не гледаат потреба на своја територија да го примат американскиот  нуклеарен арсенал, изјави финскиот премиер Петери Орпо во интервју за полскиот весник Жечпосполита.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Позиционирање на американското нуклеарно оружје во Финска не е неопходно, бидејќи за безбедноста на НАТО е доволно нуклеарното оружје кое е веќе распоредено во неколку земји на Алијансата. Сепак, внимателно се подготвуваме да учествуваме во зауздувањето на потенцијалните закани за Алијансата со користење конвенционално вооружување“, кажа Орпо.

Тој додаде дека Финска во моментов не гледа закана од напад од Русија, но верува дека земјата е спремна за потенцијален конфликт.

„Не очекуваме во моментов напад од Русија. Меѓутоа, финските оружени сили се добро подготвени за потенцијален конфликт, со резерва од 800.000 луѓе. Во врска со тоа, би им препорачал на раководствата на европските земји да го следат нашиот пример и да воведат регрутација“, напомена тој.

Шефот на финската влада, одговарајќи на прашање на новинарот за јакнењето на границата со Русија, кажа дека Хелсинки размислува за повлекување од Отавската конвенција за забрана на противпешадиски мини, ако се смени безбедносната ситуација.

Сепак, истакна дека безбедноста на Финска не зависи од поставувањето мини на границата со Русија, оценувајќи дека Соединетите Американски Држави „во секој случај ќе ѝ помогнат на Европа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ