недела, 21 јули 2024

Фински бизнисмен возел 32 км/ч над ограничувањето, добил казна од 121.000 евра

Објавено на

часот

Сподели

Виклоф, еден од најбогатите Финци, рече дека ограничувањето на брзината „наеднаш“ се променило од 70 км/ч на 50 во моментот кога возел 82 км/ч.

Казните за сообраќајните прекршоци во Финска се засноваат на сериозноста на прекршокот и приходите на прекршителот, кои полицијата може веднаш да ги провери со поврзување со централната база на податоци на даночните обврзници. Тоа што Виклоф претходно бил двапати казнет поради пребрзо возење беше отежнувачка околност. Тој во 2018 година бил казнет со 63.680 евра, пет години откако за истиот прекршок добил казна 95.000 евра. Сега и возачката дозвола му е одземена на 10 дена.

Тој рече дека се надева оти казната, еднаква на половина од неговиот приход во изминатите 14 дена, ќе биде добро искористена. „Слушнав дека владата сака да заштеди 1,5 милијарди евра за здравството во Финска, па се надевам дека моите пари ќе помогнат во тоа“, рече тој.

Финска наметнува големи казни за низа прекршоци, вклучително и кражба во продавници и прекршување на законите за хартии од вредност и финансиско тргување, на принципот, со оглед дека оданочувањето е прогресивно така треба и казните: колку повеќе заработувате, толку повеќе плаќате.

Виклоф е сопственик на Виклоф Холдинг, кој управува со над 20 компании во секторот логистика, градежништво, хеликоптерски услуги, недвижнини, трговија и туризам. Во 2020 година компанијата остварила промет од 247 милиони евра и оперативна добивка од 11 милиони евра, пишува Гардијан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ