четврток, 17 октомври 2024

Филозофот Бернар-Анри Леви: Човештвото веќе е влезено во раната фаза на нова светска војна

Францускиот филозоф и писател Бернар-Анри Леви смета дека човештвото веќе е влезено во раните фази на нова светска војна и дека, покрај Блискиот Исток и Украина, наскоро ќе се отвори нов фронт и на Тајван.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бернар-Анри Леви, во јавноста познат и по иницијалите БХЛ, е познат како еден од најистакнатите претставници на т.н. Нови филозофи, но и по контроверзиите што неговите политички ставови ги предизвикуваа во домашната и меѓународната јавност.

Во интервју за Политико тој вели дека им се восхитува на Соединетите Држави бидејќи тие се „општествениот договор на Жан-Жак Русо што оживеал“, изразувајќи презир кон длабокиот антиамериканизам што ја обзема Европа, особено Франција.

Филозофот верува дека „наводната империја“ Америка и нејзините демократски сојузници се под „жесток напад од лабавиот, но сѐ поцврст фронт“, кој се состои од Кина, Русија, Турција, Иран и радикалниот ислам.

Човештвото веќе е влезено во раната фаза на нова светска војна, а главните линии на фронтот се Украина и Израел, смета тој и мисли дека Тајван наскоро ќе стане трет фронт.

За Политико тој вели дека мисли дека Бенјамин Нетанјаху е ужасен премиер, „човек што е опиен од вишокот моќ“.

Но, како Евреин, чиј татко се борел против нацистите, БХЛ е длабоко загрижен поради порастот на антисемитизмот на Западот денес.

Тој бил „со група војници на јужниот фронт што се подготвуваа да влезат во Газа…“

„И дадов свечено ветување дека ќе ја напишам оваа книга“, рече тој за делото „Израел сам“, неговата нова книга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ