„ Започнуваме отворен и транспарентен процес со присуство на експертската јавност, меѓународните организации, како и дел од невладините организации за изнаоѓање најквалитетни можни решенија за функционален пред се независен Судски совет, ослободен од какви било политички влијанија“, порача министерот за правда Игор Филков .
Како што нагласи Филков, идејата е четирите дебати, што ќе се организираат низ Македонија , да завршат некаде до крајот на декември, по што ќе се излезе со решение. Најпрво, како што подвлече министерот, треба да се слушне мислењето на присутните, а потоа на крајот на процесот ќе излезат и со нивни предлози.
Заклучоците и препораките од тркалезната маса, како што е најавено, ќе бидат основа за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на законот за судскиот совет.
Настанот, како што информираат од Министерството за правда, е во соработка и со поддршка од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.