сабота, 19 октомври 2024

Филипини ја обвинија Кина: Гаѓаше со водени топови врз нашите бродови

Објавено на

часот

Сподели

Во понеделникот, Кина одговори на овие обвинувања и рече дека филипинската крајбрежна стража неовластено влегла во нејзините води. „Два филипински брода за набавка и два брода на крајбрежната стража илегално влегоа во водите кај гребенот Ренаи на кинескиот остров Нанша“, изјави Ган Ју, портпарол на кинеската крајбрежна стража, пренесе Си-ен-ен.

Ју потоа ги истакна кинеските територијални претензии над островите во Јужното Кинеско Море, велејќи дека ќе продолжи да го спроведува законот во регионот. Државниот секретар на САД изрази поддршка за Филипини и ја повика Кина да ја почитува слободата на навигацијата. „Кина нема законскио право на морската област околу гребенот Секонд Томас Шол“, соопшти во саботата.

Јужното Кинеско Море долго време е извор на тензии меѓу Филипини и Кина. Пекинг тврди дека има неоспорен суверенитет на речиси целото Јужно Кинеско Море, како и на повеќето острови, вклучувајќи го и архипелагот Спратлис кој се состои од 100 мали острови и гребени на кои претендираат и Филипини, Малезија, Брунеи и Тајван. Манила ја нарекува областа Западно Филипинско Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ