сабота, 5 октомври 2024

Филипче побара затворена седница, Мицкоски рече дека набрзо ќе одговори

Венко Филипче, претседателот на СДСМ преложи, а премиерот Христијан Мицкоски најави дека набрзо ќе одговори дали ќе се согласи на затворена собраниска седница за идните чекори на владината коалиција за евроинтегративниот процес.

Објавено на

часот

Сподели

„Мора и Венко Филипче нешто да каже. Сега тој одбрал тоа да го каже. Во ред е, ќе го анализираме овој предлог на господинот Филипче и бргу од денеска ќе дадеме конкретна позиција поврзана со овој негов предлог“, изјави денеска Мицкоски.

Филипче вчера го повика премиерот Мицкоски да свика затворена собраниска седница за идните чекори за евроинтегративниот процес.

„Доколку не го стори тоа, тогаш СДСМ како пратеничка група во Собранието ќе иницира затворена седница на која ВМРО-ДПМНЕ и целокупното владино мнозинство, треба да појаснат дали има план и каков за продолжување на евроинтеграцискиот процес“, изјави вчета Филипче за ТВ 21,.

Блерим Беџети од Европскиот фронт рече дека „сите треба да работиме и да дадеме свој придонес за да бидеме дел од ЕУ“.

„Нашиот став за евроинтегративниот процес е познат и длабоко сме посветени да се вратиме на вистинскиот пат. Треба сите да работиме и да дадеме свој придонес да бидеме дел од Европската Унија, во спротивно немаме перспектива“, посочи денеска Беџети.

Тој потенцираше дека одвојувањето на Република Албанија на патот за пристапување кон ЕУ е уште еден аргумент дека не се движиме по вистинскиот пат.

„Длабоко сме ангажирани и посветени да се вратиме на вистинскиот пат. Го чекаме 15 октомври кога ќе биде објавен извештајот, и доколку се вистинити информациите за одвојувањето на Република Албанија, тогаш тоа е уште еден доволен аргумент дека нашиот пат кон ЕУ е згрешен од страна на оваа нелегитимна влада. Треба сите да работиме, да дадеме придонес да се вратиме на интеграцискиот пат на државата, да бидеме дел од Европската Унија, во спротивно нема перспектива после овие понуди, а ќе има и економски последици“, додаде Беџети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ