понеделник, 24 февруари 2025

Фидан: Во преговорите мора да бидат вклучени Украина и Русија, Турција спремна да биде посредник

Во преговорите за ставање крај на војната во Украина мора да бидат вклучени „двете страни“, Украина и Русија, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Додека денес влегуваме во четвртата година од војната, ѝ придаваме големо значење на новата американска иницијатива. Сметаме дека решение може да се најде преку преговори во кои ќе бидат вклучени двете страни“, рече Фидан на прес-конференција во Анкара заедно со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Фидан додаде дека „Турција е подготвена да ја преземе улогата на посредник“.

„Нашата цел е што е можно поскоро да ѝ ставиме крај на оваа разорна војна и да ги залечиме раните во регионот“, рече тој.

Сергеј Лавров изјави дека Русија ќе престане да се бори во Украина само кога ќе го добие она што го сака од преговорите за ставање крај на конфликтот што сакаат да ги иницираат рускиот и американскиот претседател.

Турција, иако е членка на НАТО, од почетокот на конфликтот успеа да ги одржи врските и со Москва и со Киев.

Таа ги снабдува Украинците со борбени беспилотни летала, но не им се приклучи на западните санкции против Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ