Фицо, кој ја презема власта во октомври и ја сврте насоката на словачката надворешна политика за да ја сопре воената поддршка на Украина, зборуваше на прес конференција на истокот на Словачка.
Тој треба да се сретне со украинскиот колега Денис Шмихал во градот Ужгород на западот на Украина.
Новинар го праша Фицо дали би било прикладно за него да отпатува во Киев за подобра да ја сфати украинската војна со Русија, која се наближува до втората годишнина од руската инвазија.
„Постои конфликт кој е локализиран“, одговори Фицо, прашувајќи: „Навистина верувате дека има војна во Киев? Се шегувате, ве молам, се надевам дека не сте сериозен. Отидете таму и ќе видите дека во градот се одвива нормален живот, сосема нормален живот“.
Додаде дека е попрактично да се сретне во Ужгород, за кој кажа дека украинската страна го избрала откако Фицо првично барал средба на заедничката граница на двете земји.
Фицо и претходно давал изјави кои се разликуваат од официјалниот колективен став на Западот.