сабота, 27 јули 2024

Фиат елзеро ќе дебитира во Женева

Објавено на

часот

Сподели

Новиот мини-моноволумен фиат 500 мпв, со работен наслов елзеро (L-Zero), ќе дебитира на Женевскиот саем за автомобили. Поголемата верзија на новото „фиќо“ треба да го замени актуелниот модел мултипла и да му биде директен конкурент на мини кантримен.

Новиот градски моноволумен ќе има модификувана платформа од новата панда и ќе се продава во верзии со пет или седум седишта. Предниот погон ќе биде стандарден, но ќе има и верзија со погон на сите тркала. Италијанскиот концерн сè уште нема конечно име за новиот модел, а покрај елзеро во игра се и 500+ и мултипла.

Во понудата на мотори ќе ги има турбобензинецот од 900 кубни сантиметри, 1,3 литарскиот мултиџет дизел, и поголемиот 1,4 турбобензинец. Купувачите ќе може да избираат меѓу мануелен 5-брзински и автоматски менувач со 7 брзини.

Производството на градското комбенце на Фиат ќе почне во Крагуевац, Србија, во втората половина на оваа година. Цените кај нас се очекува да почнуваат од 10.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ