„АА е на народот, на членството и на луѓето со достоинство, кои не се продаваат за грст привилегии како вас. Уште од самото основање, идеалот на Алијансата за Албанците беше соборувањето на криминалниот режим на Али Ахмети, кој поради коруптивни мотиви сериозно ги наруши интересите на Албанците. Овој свет аманет, го тера до крај легитимниот лидер на АА, Арбен Таравари, кој ја презеде не свои плеќи целосната одговорност на достоинствено застапување на Албанците во владеењето. Скандалозната одлука на судијата Реџепи ќе се најде повторно во Апелациониот суд. До конечна одлука со која ќе се воспостави правда во државава, ги оставаме Села и неговата клика да се самозадоволат со имагинарните печати на судијата Реџепи. За состојбите во правдата, зборуваат самите граѓани и меѓународните организации. Само 2 отсто од граѓаните му веруваат на судскиот систем, а во последниот извештај на Транспаренси интернешнал остро се критикуваат скандалозните измени на Кривичниот законик со кои се овозможи амнестија на стотици поранешни функционери на режимот на Груевски“, изјави Фетаи.
Оваа политичка одлука, стои во соопштението, на судијата Реџепи уште повеќе нѐ мотивира за вршење длабоки реформи во правосудтсвото. Иницијативите за разрешување на главниот обвинител и на петте членови на Судскиот совет се важни чекори кон воспоставување на владеење на правото и интензивирање на борбата против криминалот и корупцијата. Против судијата Реџепи ќе биде поведена постапка за отчетност. Правдата нема да остане заложник на политички пазарења, се вели во соопштението од крилото на АА на Арбен Таравари.
Основниот суд Тетово денеска донесе решение со кое Зијадин Села е впишан како претседател на Алијанса за Албанците.