„Институциите се должни во рок од 30 дена да пополнат дигитален формулар, во кој ќе бидат евидентирани сите податоци за државниот недвижен имот во Северна Македонија. Овие податоци ќе бидат управувани од Министерството за дигитална трансформација и ќе обезбедат јасен преглед на државниот недвижен имот во земјата“, соопшти кабинетот на Фетаи .
Врз основа на собраните податоци, се очекува да се создаде Централен регистар за државен недвижен имот, кој ќе биде формализиран по усвојувањето на Законот за централен регистар на државен недвижен имот. За изготвување на овој закон, кабинетот на заменик-претседателот на Владата Фетаи ќе ги искористи хрватските практики.
Коментирајќи ја денешната одлука на Владата, Арбен Фетаи изјави дека Централниот регистар за државен недвижен имот станува реалност. Вели дека целта на регистарот е да го подобри управувањето и да спречи можни злоупотреби со државниот имот.