четврток, 6 март 2025

Фероинвест ќе ги воведе батериските системи на Вајхенг во Македонија

Фероинвест постигна договор за застапништво за Македонија на батериските системи на компанијата Weiheng, која е глобално препознатлива по иновативни решенија за складирање енергија. Таа се рангира меѓу водечките компании во оваа индустрија и има рејтинг ААА според независните анализи на Блумберг.

Објавено на

часот

Сподели

Асортиманот на производи на Weiheng вклучува високонапонски хибридни системи за складирање енергија, кои  се идеални за фотоволтаици за фабрики, комерцијални објекти и електрани.

Брендот нуди и модуларни решенија за фотоволтаици со интегрирана моќност до MWкако и напредни фабрички системи за енергетска ефикасност.

Во наредниот период, Фероинвест со Weiheng ќе организира специјализирана презентација во Скопје, која ќе биде од голема важност за сите заинтересирани, со фокус на големите системи за складирање енергија и нивните предности, како и можностите за изведување на проекти по принципот „куч на рака” од стана на Фероинвест.

Високи претставници на Фероинвест и на Weiheng  во моментот се присутни на престижниот саем KEY – The Energy Transition Expo во Римини, Италија, кој е фокусиран на високи технологии, особено во областа на складирање на електрична енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ