среда, 26 февруари 2025

Фенербахче застана во одбрана на Мурињо

Војната од теренот по дербито меѓу Галатасарај и Фенербахче се пренесе и со соопштенија и изјави.

Објавено на

часот

Сподели

Една изјава на Жозе Мурињо крена бура во Турција, Португалецот изјави дека домаќините на клупата скокале како мајмуни при судиските одлуки.

На ова реагираше Галатасарај кој најави тужби за Мурињо поради расизам.

Сега со соопштение излезе Фенербахче кој го обвини Галатасарај за манипулација и вадење на изјавата на Мурињо од контекст.

„Изјавите на нашиот тренер Жозе Мурињо по крајот на мечот се комплетно извадени од контекст. Сите може да видат дека овие фрази од Жозе Мурињо сакаат да ја нагласат преголемата реакција на противничкиот тим на одлуките на судиите за време на мечот и таа не може да биде поврзана со расизам на ниту еден начин. Обидот да се направи оваа изјава да изгледа расистички е манипулација. Ние ќе ги искористиме сите легални средства против овие обиди за манипулација“, стои во дел од соопштението на Фенербахче.

Португалецот мислеше на ваквите реакции на противниците:

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ