четврток, 13 март 2025

Фенербахче му даде три гола на Андерлехт, гостински триумф на Сосиедад (ВИДЕО)

Фенербахче со 3-0 го победи Андерлехт и направи голем чекор кон осминафиналето во Лига Европа, Реал Сосиедад со 2-1 славеше кај Митјиланд, до гостински триумф дојде и Ајакс кај Ројал Унион.

Објавено на

часот

Сподели

Жозе Мурињо и Фенербахче слават голем триумд, турскиот гигант го надигра и го победи Андерлехт.

Со голови на Тадиќ и Џеко во првото полувреме Фенер водеше со 2-0. Во вториот дел погоди и Ен Несири за конечни 3-0.

Реал Сосиедад со голови на Мендез и Кубо со 2-1 победи на гостувањето кај Митјиланд.

Ајакс имаше уште подобар резултат, тие со 2-0 триумфираа на гостувањето кај Ројал Унион.

Покрај Фенербахче, домашниот терен го искористи и Ференцварош кој со 1-0 триумфираше над Викторија Плзен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ