Како што пишува Хил, коментарот на Латник доаѓа среде актуелните тензии меѓу САД и Канада околу царините. Во вторникот американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека дополнително ќе ги крене планираните царини на челикот и алуминиумот за Канада, како одговор на поскапувањето на извозот на електрична енергија од страна на владата на Онтарио.
Премиерот на Онтарио Даг Форд подоцна ја повлече одлуката за дополнителниот надомест, по што Трамп ги врати царините на најавените 25 отсто.
Трамп претходно сугерираше дека Канада „треба да стане 51 држава“, но Марк Карни, идниот премиер на северниот сосед на САД, во неделата кажа дека „Канада никогаш, никогаш нема да биде дел од Америка на кој било начин, облик или форма“.
„Но размислете за ова за момент, зошто американски автомобили се произведуваат во Канада? Тие работни места би требало да бидат во Америка, и тоа е она на што претседателот мисли, и тоа е она што го кажува и што ќе се изврши“, кажа вчера Латник.
„Значи, клучната работа е дека Канада ќе мора да работи со нас за навистина да ја интегрира својата економија. И како што кажа претседателот, треба да ги разгледаме неверојатни предности на постоењето 51 држава на Соединетите Американски Држави“, порача тој.