понеделник, 21 октомври 2024

Фараж: Брегзитот пропадна

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот лидер на таканаречената Брегзит-партија во интервју за Би-би-си призна дека Лондон немал економска корист од напуштањето на економскиот блок, пренесува Политико.

„Проблемот е што брегзитот докажа дека нашите политичари се бескорисни исто колку и комесарите во Брисел“, оцени Фараж, додавајќи дека управувањето со излегувањето од ЕУ било „целосно лошо“.

„Брегзитот пропадна“, истакна Фараж, додавајќи дека „конзервативците многу, многу изневерија“.

Политико истакнува дека Британија се мачи под комбинираните последици на брегзитот, пандемијата на ковид-19 и ескалацијата на конфликтот во Украина. Организацијата за европска соработка и безбедност (ОБСЕ) предвидува дека британскиот БДП ќе падне за 0,2 отсто, додека на еврозоната ѝ се предвидува експанзија од 0,8 отсто.

Фараж, кој во моментов е ТВ водител, не исклучи враќање во политиката. Тој е и почесен претседател на популистичката партија Реформ УК, која настана од неговата Брегзит-партија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ