Избраниците на Карло Анчелоти беа сигурни на гостувањето кај Кадис и со три бода се враќаат во Мадрид.
Родриго ги предводеше „кралевите“ до нова победа. Бразилецот го отвори резултатот во 14. минута, со доста среќа си направи простор за удар и биеше неодбранливо за 0-1.
По дваесет минути игра во вториот дел, Родриго доби топка од Модриќ во една контра, убаво излета неколку противници и рутински реализираше за 2-0.
Во 74. минута, Родриго му асистираше на Белингам за конечни 0-3 и нова историја.
Англичанецот со овој погодок стигна до бројката од 14 голови на првите 15 натпревари во белиот дрес и го надмина постигнувањето на Роналдо и Ди Стефано, кои имаат по 13 голови.