петок, 18 октомври 2024

Фајнл-фор турнирот во Келн заврши трагично, почина новинар за време на финалето

Објавено на

часот

Сподели

Ракометната Лига на шампиони која ја освои Магдебург, заврши трагично, почина полски новинар за време на финалето.

Новинарот колабираше во средна на второто полувреме на финалниот меч меѓу Магдебург и Кјелце, поради тоа средбата беше прекината речиси половина час додека му се укажуваше лекарска помош, по што беше пренесен во болница.

По крајот на финалето стигна информација дека новинарот Павел Котвица починал. Во чест на новинарот беше откажана традиционалната прес-конференција која се случува по крајот на турнирот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ