сабота, 19 октомври 2024

Фајненшал тајмс: Украинците плаќаат до 10.000 долари да не одат на фронтот

Објавено на

часот

Сподели

Веста за подмитувањето доаѓа во момент кога украинскиот претседател Володимир Зеленски почна масовна воена чистка, отпуштајќи ги сите регионални службеници за регрутација и укажувајќи на повеќекратни корупциски скандали кои ја тресат земјата. Според планот на Киев, функционерите за регрутација би требало да ги заменат воени ветерани.

За време на конфликтот со руските сили кој е во тек, илјадници Украинци успеале да избегнат регрутации преку различни шеми во украинската култура на корупција, пишува ФТ. Киев им забрани на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години да ја напуштат земјата кога првпат воведе вонредна состојба во февруари 2022 година, но тој потег само поттикнал повеќе корупција. една од најпопуларните опции било едноставно купување медицински документи за изземање во просек за околу 6.000 долари, јавува Фајненшал тајмс, повикувајќи се на наоди на истрага за корупцијата која ја спровеле украинските власти.

Илјадници украински мажи исто така се обиделе да ја напуштат земјата нелегално, при што околу 13.600 се фатени во близина на граничните премини и уште 6.100 се уапсени на контролните пунктови со лажни документи, според најновите официјални податоци.

Било утврдено дека шефот на регионалниот центар за регрутација во Одеса Евгениј Борисов, кој беше уапсен минатиот месец, бил еден од „највредните“ функционери вмешани во примањето мито. Тој сега е осомничен дека собрал 5 милиони долари мито, наплаќајќи од 2.000 до 10.000 долари по човек за различни „опции“ за избегнување регрутација. Се верува дека Борисов ги користел незаконски стекнатите пари за луксузен начин на живот, а неговото семејство минатиот декември купило вила вредна 4,2 милиони евра во Шпанија, како и друг луксузен имот, според украинските истражители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ