петок, 21 февруари 2025

Фајнанс тинк: Жените во Македонија се позастапени во пониско платени и помалку барани занимања

На македонскиот пазар на труд постои хоризонтална професионална сегрегација т.е. жените се позастапени во пониско платени и помалку барани занимања во споредба со мажите, занимањата во кои доминираат мажите (на пример ИТ стручњаци, инжинери, техничари) се поатрактивни на пазарот на труд, а побарувачката за работници во овие занимања е поголема.

Објавено на

часот

Сподели

Професионалниот јаз (однос помеѓу понудата и побарувачката на работници) е највисок кај занимањата предводени од жени, покажуваат анализите на најновиот бриф документ на Фајнанс тинк за тоа дали изборот на занимање води до родова сегрегација на пазарот на труд.

За намалување на професионалниот јаз меѓу мажите и жените, од Фајнанс тинк, воведување флексибилни работни места, фер пристап и еднакви можности за напредок на пазарот на труд, како и зајакнување на кариерното насочување на жените и девојчињата.

Исто така, велат, потребно е реструктуирање на образовниот систем согласно потребите на пазарот, но и зголемување на јавната свест за правилен избор на занимање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ