„Претходно во Европа испорачувавме од 40 до 45 отсто од нафтата и нафтените деривати, а оваа година очекуваме таа бројка да не е поголема од четири до пет отсто од вкупниот извоз“, кажа Новак, а пренесува руската државна агенција ТАСС.
Улогата на главни одредишта во актуелните услови ја преземаа Кина и Индија, додаде рускиот министер, истакнувајќи дека уделот на Кина во извозот изнесува 45 до 50 отсто. Извозот во Индија силно пораснал, кажа рускиот вицепремиер. „Претходно речиси не извезувавме во Индија за во изминатите две години вкупниот удел на извозот во Индија да порасне на околу 40 отсто“, кажа Новак.