вторник, 22 октомври 2024

Европски судии од утре ќе ја преиспитуваат работата на Судскиот совет

Објавено на

часот

Сподели

Првично ќе биде идентификуван обемот на работата што ќе ја врши оценската мисија, а работата, како што се наведува во соопштението, ќе биде комплетирана од тим од експерти од земјите-членки на ЕУ, кои во септември ќе ја посетат земјава. 

„Тимот на експерти од земјите-членки на ЕУ ќе ја испитаат институционалната рамка на Судскиот совет и ќе предложат краткорочни и среднорочни мерки, вклучувајќи легислативни и институционални мерки, со цел да се зајакне независноста, непристрасноста и кредибилитетот на значајното управувачко тело на судството“, се вели во соопштението.

Оценската мисија претходно ја најави шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, кој изјави дека препораките што ќе произлезат од мисијата, би требало да го зајакнат Судскиот совет да си ја врши својата обврска, која, вели, е да ја заштити независноста, интегритетот и професионалноста на судиите.

„Ова буквално значи дека испраќаме луѓе на исти позиции, значи судии, луѓе кои биле дел од судските совети на различни земји членки на ЕУ, да дојдат, да видат каква е ситуацијата, да го разгледаат законодавството за да видат дали има одредени слабости кога станува збор за транспарентност, кривична одговорност, да се сретнат со сите засегнати страни со цел да видат како е спроведено, и потоа да дадат препораки кои би требало да го зајакнат Советот за да си ја врши својата обврска, која, како што кажав, е да ја заштити независноста, интегритетот и професионалноста на судиите, нагласи евроамбасадорот Гир во интервју за МИА.

Тој истакна и дека политиката треба да се тргне од правосудството, Владата и политичките партии да покажат волја дека се подготвени за тоа, но и судиите дека се подготвени независно да ја вршат својата работа.

„Вие може да ја имате најдобрата Оценска мисија во светот со одлични препораки, но зависи од политичката волја на Владата и на партиите, како и од волјата на судиите дали на судството ќе му биде дозволено да си ја врши работата“, рече Гир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ