четврток, 28 ноември 2024

Европската полиција и официјално ја почна заедничката операција со колегите во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Заедничката операција е предвидено да трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, во собирањето и размената на оперативни информации и идентификувањето на можните ризици и закани, јакнење на оперативната соработка и поддршка на оперативните капацитети.

„Очекуваме таа да придонесе за поефикасно справување со прекуграничниот криминал, вклучително и криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе и тероризмот како глобални предизвици. Заедништвото на оваа операција се согледува и преку вложување во персонал и опрема за да обезбедиме поголема безбедност“, информираа од МВР.

Планирано е во текот на 2023 година Фронтекс да распореди повеќе од 100 службеници, патролни возила и специјална опрема на македонско-грчката граница со што значително ќе се зголемат капацитетите за откривање на илегалните активности вдолж границата, притоа почитувањето и заштитата на основните права на секое лице засегнато од операциите на ФРОНТЕКС е во центарот на активностите на агенцијата.

Во рамки на посетата на министерот Спасовски беше организиран и Првиот оперативен брифинг за припадниците на Фронтекс во заедничка координација на Фронтекс, Одделот за гранични работи и миграции и Регионалниот центар за гранични работи Југ, со што и официјално започнува Заедничката операција.

Министерот Спасовски на средбата со началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ, Славчо Богев во Кавадарци, на која биле присутни и сопственици на пет општествено одговорни фирми од Кавадарци, им доделил Благодарници за партнерство и успешна реализација на целите од заеднички интерес во модернизирање на капацитетите на МВР

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ