четврток, 13 февруари 2025

Европска земја во која може да бидете казнети со 200 евра за гласно зборување на телефон

Францускиот сообраќаен закон дозволува казнување на оние кои користат уреди и инструменти кои испуштаат бучава што го нарушува мирот на другите во областите што се користат за јавен превоз.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Пред неколку дена светот ја слушна веста дека маж во Франција е казнет со 200 евра затоа што зборувал гласно на мобилен телефон.

Човек познат само како Дејвид зборувал со својата сестра на железничка станица во Нант, Франција, преку звучник на мобилен телефон пред вработен во железничката компанија СНЦФ да го запре и да го замоли да биде потивок.

Иако бил предупреден дека ќе добие казна од 150 евра, Дејвид мислел дека вработениот во СНЦФ се шегува. Одбил да ја плати казната на лице место, истата била „зголемена“ на 200 евра. Тој ангажирал адвокати кои сега се обидуваат да ја оспорат казната.

Во Франција не постои закон со кој се забранува разговор на мобилен телефон преку звучник на јавни места. Сепак, постојат многу јасни прописи за контрола на бучавата.

Францускиот сообраќаен закон дозволува казни за оние кои користат уреди и инструменти за да го нарушат мирот на другите со бучава во просторите што се користат за јавен превоз. На пример, можете да добиете казна од 60 евра на француските железници дури и ако зборувате гласно на вашиот мобилен телефон без да користите звучник.

Гласно зборување на телефон на јавни места или гледање видеа на мобилен телефон без слушалки е сè почеста навика во современиот свет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ