Барселона беше фаворит против дебитантот на фајнл-фор тимот на Магдебург, но Германците се тие кои ќе се борат за големиот пехар.
Натпреварот беше исклучително неизвесен, Барселона го доби првото полувреме со 18-16, но вториот дел му припадна на Магдебург, конечниот резултат по 60 минути игра беше 31-31.
Неизвесно беше и во продолженијата, тие завршија 7-7, па пеналите требаше да го решаваат патникот во финалето.
Во пенал серијата и двете екипи беа лоши, особено ракометарите на Барселона кои четири пати промашија, дадоа само еден гол, Магдебург даде два и се пласираше во финалето каде ќе го чека победникот од мечот меѓу ПСЖ и Кјелце.
Најефикасен во составот на Магдебург беше Каи Смитс со 11 постигнато голови, Дамгард реализираше осум. Во составот на Барселона Енгесан постигна девет голови, Гомез седум.