Гувернерот наведе дека во претходните 24 часа Русија со топови и минофрлачи нападнала 30 места во тој регион.
Поголем дел од регионот Харков главно е под контрола на украинските сили од септември 2022 година.
Украинското Министерство за одбрана во петокот соопшти дека Русија започнала копнена офанзива во североисточниот украински регион Харков и се обидува да ги пробие украинските одбранбени линии, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се водат „жестоки борби“ во пограничната област.
Руските сили направија мал, но систематски напредок во таа зона во североисточна Украина од која беа потиснати пред речиси две години, на украинската армија и недостигаат војници и оружје, но Зеленски бара од неа да ги запре руските офанзивни операции и повторно да преземе иницијатива.
Major Panic in Ukraine.
Russian troops have started a ground assault in Ukraine’s northeastern Kharkiv region at dawn today, making progress of one kilometer close to the border town of Vovchansk with the objective of establishing a buffer zone.
You can tell by Zelensky’s… pic.twitter.com/48WnmsyaFD
— Shadow of Ezra (@ShadowofEzra) May 10, 2024
Украински воен извор изјави дека руските сили напреднале еден километар во внатрешноста за да се обидат да создадат „тампон зона“ во регионот Харков и соседниот регион Суми за да спречат напади на руска територија.
Украинските сили ги засилија нападите и на територијата на Русија и на украинските зони под контрола на Русија, особено на енергетската инфраструктура.
Денеска властите инсталирани од Москва во руската окупирана област Луганск во источна Украина објавија дека три лица загинале во украински напад врз складиште за нафта со ракети од американско производство. Гувернерот на таа област изјави дека магацинот е во пламен и дека се оштетени и околните куќи.