петок, 18 октомври 2024

ЕУ го санкционираше најголемиот руски произведувач на дијаманти

Европската Унија му воведе денес санкции на најголемиот светски произведувач на дијаманти Алроса и извршниот директор на таа руска компанија Павел Алексеевич Мариничев.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Брисел соопшти дека компанијата претставува важен дел од економскиот сектор кој на Москва ѝ обезбедува значителен приход и дека проширувањето на листата на санкции е доказ на „непоколебливата посветеност“ на Украина во војната против Русија.

Имотот на Алроса во Европа ќе биде замрзнат, а на граѓаните и компаниите во ЕУ ќе им биде забрането да ставаат средства на располагање на компанијата.

Мариничев, кој во мај минатата година беше именуван на три години, исто така се соочува со забрана за патување во Европа.

Ограничувањето на увозот на руски дијаманти во земјите од Г7 и испораката на дијаманти во Европската Унија во рамки на 12 пакет санкции на ЕУ стапи на сила од 1 јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ