петок, 21 февруари 2025

Естонски министер: Зеленски не е легитимен лидер, а Путин демек е?

Почетокот на преговорите меѓу САД и Русија е целосна победа за Владимир Путин бидејќи тој може да ја диктира агендата, додека американскиот претседател Доналд Трамп ги повторува руските наративи, рече естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според естонски ЕРР, говорејќи вчера во емисијата Есимене студио, Цахна рече дека Трамп на Путин му ги подарил преговорите.

„Ако погледнеме што постигна Путин во полни три години војна, наместо три дена специјална операција, тој нема постигнато никакви стратегиски успеси. Тој нема направено некои големи пробиви, па дури и дел од регионот Курск е во рацете на Украина. Сега тој се обидува да постигне успех преку преговори, а Трамп му ја отвори таа врата“, рече естонскиот министер за надворешни работи.

Од перспектива на Путин, рече Цахна, ова е „апсолутна победа“.

„Дури и самиот факт дека преговорите почнаа, и дека почнаа така што Путин ги диктира темите, сѐ до она што Трамп го кажа во последните часови, е победа. Наративот што Путин го турка на некој начин стана наратив и на Трамп, што можеби не можевме да го замислиме пред еден месец. Тоа сигурно е лошо. Единствениот диктатор, единствениот тиранин, единствениот агресор, единствениот воен злосторник тука сè уште е Путин – нема сомнеж во тоа“, рече министерот.

Според ЕРР, Цахкна рече дека барањето на Трамп што е можно поскоро да се одржат избори во Украина е на листата на желби на Путин. „Путин го побара тоа. Тој изјави дека нема да потпише ништо со Зеленски, дека нема да разговара за ништо со него бидејќи Зеленски не е легитимен лидер“, објасни Цахна.

„А демек Путин е? Тој очигледно не е легитимен лидер; во Русија одамна немало вистински избори“, додаде тој.

Цахна рече дека е практично невозможно Украина да одржи демократски избори во време на војна. Милиони луѓе или се борат на боиштата или ја напуштиле земјата, а регистри на избирачите можеби дури и не постојат.

„И ако Зеленски сака да одржи избори, тој ќе мора да ја суспендира воената состојба. Тоа исто така би значело дека војниците ќе ги напуштат боиштата и ќе си одат дома, а потоа повеќе нема да се зборува за Украина како земја бидејќи Путин нема намера да чека да се одржат избори. Значи, ова барање е само уште еден пример за нешто што е сосема различно од она што всушност треба да се направи“, рече министерот во емисијата.

И покрај сегашните контрадикторни пораки од Соединетите Држави, односите меѓу Европа и САД остануваат силни, иако се различни од порано, рече министерот.

„Тоа бара од нас да застанеме на свои нозе. Овие аларми ѕвонат барем од 2008 година, кога Русија ја нападна Грузија, во 2014 година и во многу други моменти. Веќе немаме време да го чекаме алармот – мораме да се разбудиме. Европа всушност е во подобра позиција отколку што очекував“, додаде тој.

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон вчера рече дека коментарите на Трамп за Украина треба да се сфатат како обид да ги „шокира Европејците и да поттикне акција“, наместо како историски точни. „Кога ние Европејците ќе престанеме да бидеме згрозени од Доналд Трамп и ќе почнеме да му помагаме да ја заврши оваа војна? Се разбира дека Украина не ја почна војната. Ако е така, може да кажете и дека Америка ја нападна Јапонија во Перл Харбор“, напиша тој на Икс.

Цахкна се согласува со Џонсон: „Она што Трамп го кажува е неточно. Сите го знаеме тоа. Нема смисла постојано да се занимаваме со тоа; наместо тоа, треба да се фокусираме на она што можеме да го направиме“.

„Европа има можност преку акција – финансиска и воена помош за Украина – да покаже дека сè уште стоиме на неа. Способни сме во голема мера да ја замениме американската помош што би можело да биде прекината. Помошта од Џо Бајден сè уште ја преминува границата во Украина и осигурува дека може да продолжи борбата и да се остане посветен на своите цели. А единствената цел е да се преживее“, рече министерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ