„Постојат две причини за ова. Прво, тоа ќе значи подетално следење на санкциите. Транспортниот протек е намален и границата со Русија не треба да биде отворена во текот на ноќта. Второ, ќе се заштедат пари“, изјави тој за државната радио станица ЕРР.
Сепак, според радиостаницата, затворањето на граничниот премин во текот на ноќта може да предизвика негативни економски последици за околните населени места, јави ТАСС.
ЕРР претходно извести дека според владината одлука, преминот во Нарва ќе работи од 7 до 23 часот навечер, додека премините Коидула и Лухама ќе останат отворени 24 часа.