Минатата недела амбасадорите на Европска Унија се сложија за Украина да ја користат непредвидената добивка од имотот на Руската централна банка замрзнат во ЕУ. Одлуката би можела официјално да биде усвоена следната недела.
„Направивме голем чекор кон создавањето преседан кој Европа би можела да го следи“, кажа естонскиот министер за надворешни работи Маргус Тсахна.
Групата седум западни индустриски најразвиени земји Г7 замрзнаа руски финансиски имот вреден околу 300 милијарди долари набрзо по почетокот на конфликтот во Украина. од тогаш ЕУ и останатите земји членки на Г7 расправаат за тоа дали и на кој начин ќе ѝ ги дадат тие средства на Украина.
Законот го поддржаа две третини од естонските парламентарци.
Естонскиот закон би дозволил замрзнатиот имот на поединците и компаниите кои придонеле на руските дејства да се употреби како „аванс за штетата која Русија ѝ ја предизвикала на Украина“, се наведува во соопштението.
За тоа да го реализира, Естонија мора да прими барање за користење на имотот, а поврзаноста на сопствениците на имотот со „незаконски дејства“ мора да биде цврсто докажана бидејќи сопственикот на имотот може да ја оспори употребата на тие средства за Украина на естонските судови.