петок, 29 ноември 2024

Ескобар: САД бараат посветеност на опозицијата на патот на евроатлантските интеграции

Објавено на

часот

Сподели

Ескобар вели дека земјава направи сè што е потребно за да премине на следниот чекор и го заслужува следниот чекор.

Тој смета дека сите, и во рамките на Европската унија, и во политичките структури на Македонија, треба да направат сè што е можно за тоа да успее. 

„Ние не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот. Бараме од опозицијата да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија. Ова е најдобриот договор што го добивме. Тој е разумен, мислам засега, и треба да продолжиме напред што е можно побрзо. Затоа, се надевам дека сите страни на политичкиот спектар ги поддржуваат потребните промени за да можеме да продолжиме напред во унапредување на кандидатурата“, вели заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Во интервјуто, Ескобар нагласува дека земјата треба да продолжи напред што е можно побрзо. Според него, кредибилитетот на процесот на проширување зависи од Македонија.

„Она што би сакал да го слушнам од опозицијата е посветеноста на патот на евроатлантските интеграции. И тоа вклучува разгледување начини како Северна Македонија да се доведе до следната Меѓувладина конференција. Би рекол дека кредибилитетот на процесот на проширување зависи од Северна Македонија. Имаме земја која направи сè што е потребно за да премине на следниот чекор и мислам дека го заслужува следниот чекор. И мислам дека сите, и во рамките на Европската унија, и во политичките структури на Северна Македонија, треба да направат сè што е можно за ова да успее“, подвлекува Ескобар. 

Тој ја коментира и изградбата на автопатите.

„Имаме дијалог со Владата за конкретни наводи и конкретна поддршка што можеме да ја дадеме. Можам да ви кажам дека од Вашингтон, нашата најголема грижа е дека корупцијата е еден од најголемите предизвици за целиот регион, не само за Северна Македонија. Секретарот Блинкен и премиерот Ковачевски долго разговараа за тоа за време на нивниот состанок, за начините на кои можеме да работиме заедно за намалување на корупцијата во регионот. Имаме силен интерес да се погрижиме земјите од регионот да го направат својот дел за намалување на корупцијата и спроведување на владеењето на правото. Сè што можам да кажам е дека имаме добро партнерство со Северна Македонија. Тие прават реформи за корупција и ние мораме да продолжиме да ја продлабочуваме таа соработка“, вели Ескобар во интервјуто за Гласот на Америка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ