„Повторно потврдувајќи ја својата посветеност на меѓународното право и принципите на еднаквост, суверенитет и мирен соживот на народите, Република Ерменија ја признава државата Палестина“, се наведува во соопштението на министерството.
„Ереван искрено сака траен мир во регионот како и моментално воспоставување примирје во Газа“, се наведува.
Хусен ал Шеик, генералниот секретар на извршниот одбор на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), веднаш ја поздрави одлуката на официјален Ереван.
„Тоа е победа на правото, правдата, легитимитетот и борбата на нашиот палестински народ за ослободување и независност“, објави тој на социјалната мрежа Икс.
На крајот на мај Шпанија, Ирска и Норвешка официјално ја признаа државата Палестина од иста причина, а на почетокот на јуни и Словенија, на што гневно реагираа израелските власти.