Ердоган на платформата Икс напиша дека се сеќава на Раиси со почит и благодарност, наведувајќи дека иранскиот претседател вложил напори за мир во Иран и во регионот.
„Турција стои со Иран во ова тешко време“, напиша Ердоган, нарекувајќи го Раиси „вреден колега и брат“.
„Како колега кој лично сведочеше на неговите напори за мир на иранскиот народ и нашиот регион за време на неговото владеење, се сеќавам на Раиси со почит и благодарност“, напиша Ердоган.
Покрај Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, идентификувани се уште три лица кои загинаа во хеликоптерска несреќа во северозападен Иран, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.
Загинаа имамот во градот Табриз, ајатолахот Мохамад Али Ал-е Хашем, началникот на иранската провинција Источен Азербејџан, генерал Малек Рахмати и командантот на единицата за заштита на претседателот, Сардар Сејед Мехди Мусави.
Загинаа и одреден број телохранители и екипаж на хеликоптерот кои сè уште не се идентификувани.