Изворот на денешната криза е окупацијата на палестинските територии, оцени турскиот претседател.
„Израел не ја напушти својата политика на масовно убивање. Ако не го идентификуваме правилно изворот на проблемот, нема да можеме да најдеме решение. Израел мора да признае постоење на палестинска држава“, кажа Ердоган.
Турција е спремна да ја преземе одговорноста, меѓу другото и како држава гарант, кажа Ердоган.
„До денес испративме 34 илјади тони хуманитарна помош во Појасот Газа. Им се заблагодарувам на сите земји кои покажаа иницијатива. Нашите палестински браќа и сестри нема да ги оставиме сами“, додаде тој.