вторник, 22 октомври 2024

Ердоган го обвини Западот дека ги поддржува плановите на Израел за проширување на војната

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини западните сили дека ги поддржуваат плановите на Израел да го нападне Либан и да ја прошири војната во регионот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека Израел сега се фокусира на Либан и дека „западните сили зад сцената го тапкаат Израел по грбот, па дури и го поддржуваат“, изјави Ердоган пред пратениците од владејачката партија АКП.

Ердоган предупреди дека плановите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја прошири војната во регионот ќе доведат до голема катастрофа, пренесоа агенциите.

Забелешките на турскиот лидер дојдоа откако се зголеми загриженоста за ескалацијата на прекуграничните престрелки меѓу израелските сили и либанскиот проирански Хезболах и ги подгреа стравувањата дека тие би можеле да прераснат во сеопфатна војна.

Прекуграничното насилство избувна по ненадејниот напад на екстремистите на Хамас во јужен Израел на 7 октомври минатата година, што предизвика голема израелска одмаздничка операција.

Нетанјаху рече дека израелските сили сега го завршуваат најинтензивниот дел од војната во Појасот Газа и дека ќе се распоредат на северната граница, означувајќи го тоа како одбранбен потег.

Израелската војска минатата недела објави дека ги одобрила и потврдила плановите за офанзива во Либан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ