понеделник, 21 октомври 2024

Ердоган: Ги прекинувам сите контакти со Нетанјаху

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ги прекинува сите контакти со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради израелските напади врз Појасот Газа. „Нетанјаху повеќе не е некој со кој можеме да разговараме. Ние го пречкртавме“, изјави Ердоган, пренесуваат турските медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Турскиот претседател, кој се сретна со Бенјамин Нетанјаху за прв пат во септември во Њујорк, на 25 октомври изјави дека ги откажува сите планови за патување во Израел, велејќи дека израелскиот премиер го „искористил“.

„Нема да најдете друга земја чија армија се однесува толку нехумано“, истакна тој, осврнувајќи се на одговорот на Израел на крвавиот напад на Хамас на 7 октомври во кој загинаа 1.400 лица, главно цивили, на израелската страна.

Министерството за здравство на палестинскиот Хамас во саботата објави дека 9.488 лица, меѓу кои 3.900 деца, загинале во Појасот Газа од почетокот на војната со Израел, кој континуирано ја бомбардира областа.

По острата изјава на Ердоган, Израел на 29 октомври соопшти дека ги повлекува своите дипломати од Турција. Но, на 19 октомври тој ги покани своите дипломати привремено да ја напуштат земјата „од безбедносни причини“.

Ердоган изјави денеска дека Турција не ги прекинува дипломатските врски со Израел. „Целосно прекинување на врските не е можно, особено во меѓународната дипломатија“, рече Ердоган.

Тој потсети дека директорот на разузнавачка служба на Турција (МИТ) Ибрахим Калин ги предводеше напорите на Турција да ја запре војната со помош на посредништво. „Ибрахим Калин разговара со израелската страна. Се разбира, тој разговара и со Палестина и Хамас“, рече Ердоган.

Но, според неговите зборови, Нетанјаху е главниот виновник за конфликтите и „тој ја загуби поддршката од своите граѓани“. „Треба да се повлечете и да ставите крај на оваа ситуација“, рече Ердоган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ