понеделник, 21 октомври 2024

Ердоган: ако изгубам на изборите мирно ќе отстапам

Објавено на

часот

Сподели

„Многу смешно прашање. На власт доаѓаме со демократски средства во Турција. Ако нашата нација одлучи поинаку, ќе го направам тоа што го бара демократијата, нема што друго да се прави“, кажа Ердоган доцна синоќа на новинарско прашање дали ќе ја предаде власта.

Неговиот блок ќе почитува „какви резултати и да дојдат од гласачките кутии“, додаде Ердоган. Ако опозицијата е загрижена околу изборната безбедност, треба да ги надгледува сите гласачки места и да се погрижи за безбедноста како што тоа го прават членовите на гласачката партија, додаде турскиот претседател.

„Волјата на нацијата не смее да биде компромитирана“, додаде Ердоган. Претседателот на Турција кажа и дека верува дека повторно ќе биде избран за уште еден мандат и дека ќе обезбеди парламентарно мнозинство во недела.

Ердоган по 20 години на чело на Турција се соочува со најтешкиот изборен тест среде негодувањето на јавноста поради економските тешкотии, справувањето со последиците од страшните земјотреси во февруари и околу 3,5 милиони сириски бегалци. Кандидатот на обединетата опозиција Кемал Киличдароглу според анкетите минимално води пред Ердоган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ