вторник, 22 октомври 2024

Елвис Шаќири од Ромалитико добитник на наградата на Стејт департментот за глобален двигател против расизмот

Извршниот директор на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, Елвис Шаќири ја доби престижната награда за глобални двигатели против расизмот (GARC) која лично му беше доделена во Вашингтон во Стејт департментот од страна државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Оваа престижна награда на глобално ниво е признание за неговата значајна работа во застапувањето на правата на ромската заедница во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Наградата оддава почит на лидери од граѓанското општество на глобално ниво кои покажале исклучителна храброст, лидерство и посветеност за унапредување на човековите права и борба против системскиот расизам, дискриминација и ксенофобија во нивните заедници. Лидерите се номинираат  од амбасадите и конзулатите на САД ширум светот и секоја година се избираат шест лидери со исклучителен придонес во нивните заедници.

Елвис Шаќири беше номиниран од амбасадата на САД во Македонија вреднувајќи ги напорите што ги направи како поединец и како организација за борба против дискриминацијата, промовирање на еднаквоста и обезбедување пристап до основните човекови права за Ромите.

„Нашата борба за еднаквост продолжува преку подобрување на пристапот до образование, домување, вработување и дигитална вклученост на ромската заедница“, истакнува Елвис Шаќири. „Продолжуваме да градиме пат за гласот на ромската заедница да биде слушнат, почитуван и вклучен во обликувањето на нашата иднина.“

На вчерашното доделување на наградата присуствуваше и македонскиот амбасадор во Вашингтон, Зоран Попов.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ