Македонскиот фудбалер, Елиф Елмас од денеска се стави во погон на неговиот нов клуб, Лајпциг.
Тој заедно со соиграчите отпатуваа во тренинг кампот Ла Манга во Шпанија каде ќе останат до 7 јануари.
Елмас првата можност за деби во дресот на Лајпциг ќе ја има на 13. јануари кога на домашен терен го пречекуваат Ајнтрахт Франкфурт.
По 16 одиграни кола во Бундеслигата, Лајпциг се наоѓа на четвртото место на табелата.