Елиф Елмас пристигна во РБ Лајпциг со ситна повреда, но проблемите со бутниот мусклул се минато, Македонецот соопшти дека е подготвен за настап и може да дебитира веќе во првото коло во продолжението од сезоната во Бундеслигата.
„Ова ми е трет ден тука, се чувствувам навистина добро, тренирам со момците и повеќе немам болка во бутниот мускул“ – вели Елиф Елмас.
„Мислам дека сум подготвен за настап“.
„Биковите“ сезоната ја продолжуваат на 13. јануари, кога го пречекуваат Ајнтрахт Франкфурт.