Засега нема уапсени, но Единицата за тешки криминални дела при Министерството за одбрана води истрага.
Голем број специјални сили на Обединетото Кралство беа распоредени во Сирија во последните 10 години во операции против Исламската држава.
Министерството за одбрана соопшти дека сериозно ги сфаќа наводите за можни злосторства.
„Сите наводи за кривични дела ќе бидат упатени во полиција за понатамошна истрага“, рече портпаролот на Министерството.
Истрагата, наводно, е фокусирана на инцидент што се случил пред две години кога еден од џихадистите бил убиен.
Британските војници, според нивните претпоставени, употребиле прекумерна сила при апсење на маж, кои пак процениле дека џихадистот имал намера да изврши самоубиствен напад и го убиле.
Сепак, министерството тврди дека ова не е изолиран случај и дека има уште „застрашувачки“ сведоштва за воени злосторства.
Единиците на САС со години дејствуваат во Сирија, а до пред неколку години и во Авганистан.
Исто така, во тек е истрага за тоа дали специјалните сили на Обединетото Кралство убивале цивили и невооружени луѓе во ноќните рации во Авганистан помеѓу 2010 и 2013 година.