недела, 20 октомври 2024

Експлозија на автомобил меѓу САД и Канада во близина на Нијагарините водопади: Нема знаци на тероризам (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Според гувернерката на Њујорк Кети Хочул мобилизирана е Заедничката служба за борба против тероризам на ФБИ за да го истражи инцидентот. Во експлозијата загинаа две лица во возилото, додека еден граничен службеник е ранет.

„Во моментов нема индикации за терористички напад“, рече Хочул за време на прес-конференција.

Гувернерката рече дека автомобилот изгорел и ништо не останало од него освен моторот и делови расфрлани на местото на настанот. Истрага е во тек, додаде таа.

Возилото се движело со исклучително голема брзина пред да удри во тротоарот, рече таа.

„Возачот е жител на западен Њујорк, кој најверојатно бил во близина пред да почне да вози со голема, екстремно голема брзина, што резултирало со удар во тротоарот, што предизвикало возилото да полета“, рече Хочул.

Автомобилот прелетал преку ограда висока 2,4 метри, додаде гувернерката.

Првичните индикации од Американската агенција за царинска и гранична заштита (ЦБП) беа дека инцидентот го предизвикал несовесен возач чии постапки резултирале со судар и пожар.

Но, иако претставниците на ЦБП не ја отфрлија можноста за намерен напад, првичните резултати не го сугерираат тоа.

Си-ен-ен, повикувајќи се на анонимни извори, соопшти дека автомобилот пристигнал од канадската страна на американската страна.

Заедно со Рејнбоу Бриџ, превентивно беа затворени уште три гранични премини долж реката Нијагара меѓу западниот Њујорк и јужниот Онтарио: Пејс Бриџ, Левистон-Квинстон Бриџ и Вирпул Бриџ.

Другите меѓународни гранични премини останаа отворени, но со „зголемена претпазливост“, рече гувернерката.

Тие три моста преку кои возилата ја минуваат реката Нијагара меѓу Онтарио и државата Њујорк се меѓу најпрометните премини во светот.

Засилени се мерките за безбедност и на аеродромите и железничките станици, соопшти кабинетот на гувернерката.

Меѓународниот аеродром Бафало ги затвори сите влезни и појдовни меѓународни летови, објави Федералната управа за авијација на својата веб-страница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ