среда, 23 октомври 2024

Експерти од МНР на Македонија и на Бугарија имале состанок во Софија

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи смета дека експертскиот состанок е добар почеток во комуникацијата со Бугарија после кризата во односите меѓу двете држави пред неколку месеци.

„Разговорите се одвиваа во конструктивна атмосфера, се разговараа сите аспекти на билатералната соработка помеѓу двете држави и ќе продолжуваат со поголем интензитет овие средби. Мислам дека веќе на крајот на септември може да биде наредната средба во Скопје. Продолжуваме со поредовна комуникација, бидејќи секогаш тезата ни била дека доколку ние не комуницираме, ќе дозволиме други да комуницираат“, рече Османи на денешната прес-конференција. 

Оваа работна група, како што посочи, ќе се договори кога ќе се активираат секториските групи.

„Најважно беше да се вратиме во една нормална комуникација бидејќи во последните месеци, за жал, комунициравме преку медиуми, соопштенија….“,  рече Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ