четврток, 23 јануари 2025

Eколошките возила на Брако и Грин машинс претставени на саем во Сиетл, САД

Еколошките и високо технолошко напредни возила за одржување на хигиена во урбани средини на Брако, од линијата Грин машинс, продолжуваат да го освојуваат северно-американскиот континент.

Објавено на

часот

Сподели

По учеството на саемот во Тексас, американската филијала на Грин машинс се претстави и на саемот за електрични возила и опрема кој се одржа во Сиетл, 15-от по големина град во САД, лоциран во северната сојузна држава Вашингтон.

На настанот, кој го организираше Секторот за транспорт на градот Сиетл, беа претставени двата најпродавани електрични модели 400 ze и 500 zeза кои постои голем интерес во САД.

„Електрификацијата на сите сектори, особено во транспортниот сектор е тренд во САД и локалните и сојузните власти прават напори граѓаните да добијат уште подобри услови за живот и уште позаштитена животна средина. Нашите електрични и водородни модели во целост ги задоволуваат сите критериум за еколошко живеење и чисти градски средини“, велат од американското претставништво на Грин машинс.

с

Според проценките на експертите електричните возила на Грин машинс се одликуваат со висок степен на ефикасност при отклонување на нечистотиите на градските улици, тротоари, пешачки патеки и други површини, имаат нула штетни емисии во воздухот и се екстремно тивки во работата со што имаат позитивен импакт во ионака бучните градски средини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ