вторник, 22 октомври 2024

Египет поднесе барање за приклучување кон БРИКС, вели рускиот амбасадор

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадорот на Русија во Египет во средата рече дека Каиро се пријавил да се приклучи во БРИКС, блок на економии во развој што ги опфаќа Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

„Египет аплицираше да се приклучи на групата БРИКС, бидејќи една од иницијативите со кои БРИКС моментално се занимава е максимален трансфер на трговијата кон алтернативни валути, без разлика дали се национални или создавање на некаква заедничка валута. Египет е многу заинтересиран за ова“, изјави Георги Борисенко за руската државна новинска агенција ТАСС.

Борисенко рече дека Египет ја изразил својата желба да ја развие трговската и економската соработка со Русија, велејќи дека во моментов е присутен процес на градење „нови механизми за меѓусебно договарање на овие трговски операции“.

Египетските власти сè уште не ја коментирале изјавата на Борисенко.

Египет учествуваше во проширени разговори во рамките на блокот наречен „пријатели на БРИКС“, кој исто така ги опфаќа Аргентина, Бангладеш, Габон, Демократска Република Конго, Индонезија, Иран, Казахстан, Коморските Острови, Куба, ОАЕ и Саудиска Арабија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ