понеделник, 21 октомври 2024

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, според Блинкен тоа само ќе го остави Хамас на власт

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретна со министрите за надворешни работи на Јордан и Египет во Аман, главниот град на Јордан.

Објавено на

часот

Сподели

Клучниот момент на прес-конференцијата беа повиците на Јордан и Египет за итен прекин на огнот, но Блинкен јасно стави до знаење дека САД не ги поддржуваат тие барања.

„Примирјето едноставно ќе го остави Хамас на власт, способен да се прегрупира и да го повтори она што го направи на 7 октомври“, одговори американскиот висок дипломат на прашањето на новинарите.

„Пред само неколку дена, висок функционер на Хамас изјави дека нивната намера е да го повторат 7 октомври повторно. Ниту една нација, никој од нас не може да го прифати тоа“, додаде Блинкен.

Блинкен го потврди правото на Израел на самоодбрана, но нагласи дека е важно и како Израел го прави тоа, односно максимално да се грижи за цивилните жртви.

Министрите за надворешни работи на Египет и Јордан беа запрашани дали имало некаква дискусија за иднината на Газа без Хамас.

Египетскиот претставник Самех Шукри рече дека таквите разговори ќе бидат предвремени и дека фокусот треба да остане на моменталната ситуација.

Ајман Сафади од Јордан рече дека сегашниот фокус е на запирање на оваа војна и дека не е можно да се размислува за иднината кога не е јасно каква ќе биде Газа.

Сафади јасно посочи дека е неопходно конфликтот да се разгледа во целост и дека се потребни разговори за „враќање кон решение со две држави“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ