недела, 6 октомври 2024

Eдна година трае предистрагата за Дрин Ахмети

Една година по отворањето на предметот против Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со купувањето на трговскиот центар „Соравиа“, предметот сѐ уште е во предистражна постапка. Обвинителството, појаснувајќи ги мерките што ги презело во овој период, нагласува дека законски не се обврзани со рокови за постапување, јави ТВ Алсат.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Обезбеден и анализиран е најголемиот дел од собраната документација, се очекува анализа на дел од документацијата која по наредба на предметниот обвинителот ќе ја спроведе единицата за финансиски криминал – Сектор за криминалистички истраги во Секторот за сузбивање организиран и сериозен криминал, но и Единицата за економски криминал – Сектор за криминал и економска корупција во Одделот за криминалистичка полиција во МВР“, велат од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Од обвинителството објаснуваат дека од досегашната анализа на прибраната документација во соработка со Управата за финансиско разузнавање, се преземаат и други предистражни дејствија.

„Во меѓувреме, по добиени податоци од Управата за финансиско разузнување, обвинителот поднесе барање за меѓународна правна помош од САД поради утврдување на релевантни факти важни за истражната постапка“, велат од Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Дрин Ахмети стана познат на јавноста, откако беше обелоденето дека станал сопственик на 39 отсто од акциите на трговскиот центар „Соравиа“ во Скопје. И покрај тоа што вредноста на акциите чинеа милиони евра, Дрин Ахмети на јавноста ѝ објасни дека овие акции ги добил без да вложи денар. Неговото објаснување беше дека заедно со неговиот деловен партнер од Албанија, Владимир Пјетер Ѓока, ја купиле „Соравиа“ преку кредитна линија врз основа на бизнис идеја. Во меѓувреме Дрин Ахмети се повлече од позицијата во компанијата „Тор индустри“ преку која ги купи акциите во „Соравиа“.

Обвинителството и по седум месеци не успеа да обезбеди докази и за случајот каде Дрин Ахмети е осомничен за нелегална трговија со пиротехнички средства, откако беше уапсен од полицијата вечерта на 30 декември 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ