вторник, 22 октомври 2024

Еден од обвинетите не дојде на судење, одложена главната судска расправа за предметот Синџир

Поради отсуство на еден од обвинетите за идниот месец е одложена главната судска расправа во предметот познат како Синџир, за даночно затајување вредно 8 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Обвинети се вкупно 32 правни и физички лица, а само еден од нив не се појавил во судницата, поради што расправата е презакажана за 8 јули во 10 часот .

„На бранителот на отсутниот обвинет му беше посочено да го извести својот  властодавец, а во случај на негово повторно отсуство на следната расправа, со  претходна уредна достава на покана, превентивните мерки ќе бидат заменети со построги, со оглед да се работи за притворски предмет од јавен интерес“, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

Инаку, претпладнево од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека шестмина осомничени и шест кривично одговорни правни лица врз основа на од нив поднесена иницијатива со цел да добијат условна казна, признале вина и дека во буџетот вратиле безмалку еден милион евра.

Истражната постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица беше започната на 30 октомври 2023 година. Во меѓувреме истрагата беше проширена за уште две лица, а за едно лице кое при оценка на Обвинителниот акт почина е донесено решение за запирање на истрагата, велат од обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ