четврток, 30 јануари 2025

Две судијки поротнички се повлекоа од судењето на Жан Митрев

Две судијки поротнички, членови на Советот на судии при скопскиот Кривичен суд во случајот што јавната обвинителка Искра Хаџи Василева го води веќе три години се повлекле од судењето против Жан Митрев и неговата клиника, пишува Експрес.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Според судски извори двете поротнички кои се откажале од својата функција поради лични причини и обврски веќе нема да бидат дел од Советот на судии што го суди познатиот кардиохирург.

Ваквиот потег на поротничките се случува откако со месеци обвинителката Искра Хаџи Василева чита изјави на наводно оштетени во случајот, а претходно таа направи низа сериозни пропусти во обид по секоја цена да го осуди Жан Митрев против кого не обезбеди ниту еден валиден доказ за вина за наводна измама, пишува порталот.

Според Експрес.мк, чии новинари од почеток го следат случајот, овие рочишта изобилуваат со низа скандали поврзани со чекорите на обвинителството.

„Според најавите од повеќе кругови допрва се очекува на виделина да излезат низа скандалозни факти за прогонот на Жан Митрев кој е жртва на политичка, партиска и бизнис групација која имала за цел да ја преземе клиниката ‘Жан Митрев’ со помош на луѓе од јавното обвинителство и други институции кои беа под контрола на СДСМ и ДУИ. Засега нема конкретно објаснување зошто двете поротнички се повлекле од својата функција, но не се исклучува дека тие знаејќи ги фактите за случајот направиле храбар потег затоа што не сакаат понатаму да бидат дел од конструиран процес против Жан Митрев кој пред обвинението na обвинителката Искра Хаџи Василева одби да ја продаде болницата на луѓе од врвот на поранешната влада.

Поради судскиот случај сите сметки na клиникаta се блокирани што се смета за економски притисок врз болницата каде се лекуваат илјадници пациенти и која годишно на државата ѝ плаќа милиони евра на име на даноци и други давачки.

Со повторувањето на судскиот процес за кој е јавна тајна дека е политички-бизнис прогон, Јавното обвинителство кое не се откажува, може да предизвика нови милионски трошоци и продолжување на обвинителската фарса која уште малку ќе влезе во четвртата година“, пишува Експрес.мк.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ