Двете лица со автомобилот возеле на регионалниот пат Трпејца-Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“. Засега не е познат идентитетот на загинатите, освен дека се работи за повозрасни лица.
Екипа на МВР Охрид Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжија со извлекување на настраданите, а и на возилото од провалијата, велат од Центарот за управување со кризи.